Најбрзата и највкусната пита од стар леб.
Состојки:
- парчиња стар леб
- 2 јајца
- 100 гр сирење
- 100 гр шунка
- неколку листови кулен
- 3 кисели краставички
- 200 мл јогурт
- 50 мл млеко (по потреба)
- 1-2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- Лебот исечкајте го на кришки, шунката, краставиците и куленот на ситни коцки. Во сад изгмечете го сирењето, додадете јајца, лажица масло и јогурт. Изедначете сè и прелијте преку лебот.
- По желба можете да додадете и малку рендано сирење. Се пече на 220 степени додека не порумени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: