Вкусна чорба со пилешко и печурки…
Состојки:
- 500 гр печурки по желба
- 300 гр пилешки гради
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 веза зеленчук за супа
- 200 мл павлака за готвење
- маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- На маслиново масло пропржете пилешко исечкано на коцки, додека не порумени.
- Во тенџере пропржете ситно сечкан кромид и лук, па додајте морков исечкан на коцки, целер и магдонос.
- Гответе десетина минути па измешајте печурки исечкани на листови. Динстајте додека не испари вишокот вода па измешајте пилешко и налијте вода.
- Гответе 15 минути и измешајте павлака за готвење и оставете да зоврие.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука