Блог

Бадникови Ровки Колачиња (посно) – Moirecepti

Мора да пробате...


За овој рецепт потребни ви се малку состојки, а како резултат ќе ги добиете овие колачиња за кој верувам дека никој нема да го остават рамнодушен. Превкусни и ровки, се топат во уста, благодарение на морковот кој им ја дава таа сочност. Па затоа топло ви ги препорачувам да ги пробате уште прва прилика.

Подготовка

– Маргаринот, морковот и дел од брашното (со пецивото) ги ставаме во длабок сад.
– Замесуваме тесто (глатко, нелепливо) со постепено додавање на останатата количина на брашно.
– Формираното тесто го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме 1 час во фрижидер. После 1 час тестото го делиме на 2 дела. Вториот дел го враќаме во фрижидер.
– Првиот дел на набрашнета работна маса го расукуваме (дебелина 2 мм) и со помош на чаша вадиме кругови.
– Во средината на секој круг ставаме мармалад, преклопуваме, стискаме со прстите да се залепат краевите, па потоа и со вилушка.
– Така формираните колачиња ги редиме во плех (врз хартија за печење).
– Ги ставаме во загреана рерна на 250 степени и веднаш намалуваме на 150 степени.
– Печеме до благо заруменување од долната страна (јас печев точно 30 минути).
– Веднаш ги увалуваме во шеќер во прав.

Забелешка – Од оваа доза испаѓаат 2 плеха од рерната, или вкупно околу 35-40 колачиња, во зависност од големината на чашата која ќе ја користите.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани





Инспирирано од: moirecepti.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -