Блог

Сочен Печен Ослич (во ќеса за печење)

Мора да пробате...


Верувам дека одкога ќе го пробате овој начин на припрема на осличот, ќе го обожавате истиот, бидејќи рибата буквално се распаѓа, припремата е едноставна и брза, без употреба на голема количина на масло како кога ја пржиме оваа риба.

Подготовка

– Рибата ја одмрзнуваме сосема малку, доволно за да може да и ја излупиме кожата со остар нож. Потоа ја сечеме на 2 или 3 парчиња (во зависност од големината на парчињата). Секое парче го посолуваме и ги оставаме на собна температура да се одмрзнат потполно.
– Потоа секое парче го бришеме со кујнски бришач или кујнаска крпа, па ги увалуваме во мешавината за поховање.
– Така подготвените парчиња ги редиме во ќесата за печење (намрсена со масло) и ќесата за заврзуваме. Оваа ќеса ја ставаме во плех за печење.
– Печеме во загреана рерна на 220 степени (погледнете на паковањето од ќесите што ќе ги користите до која температура максимално може да се користат) до заруменување.
– Откако ќе се испечи рибата, веднаш го кинеме ќесето, внимавајќи да не се изгориме од пареата.
– Послужуваме топло.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани





Инспирирано од: moirecepti.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -