Вкусно печиво со крцкава кора и мека средина.
Состојки:
- 300 мл топла вода
- 1 лажичка шеќер
- 1,5 лажичка сув квасец
- 2 лажици масло
- 550 гр брашно
- 1 лажичка сол
Останати состојки:
- 100 гр сусам
- 80 мл млака вода
- 1 лажичка мед
Начин на подготовка:
- Измешајте вода, шеќер, масло и квасец. Оставете малку да отстои, па додајте брашно и сол. Брашното додајте го од 3 пати. Замесете тесто кое не се лепи за раце. Оставете на топло место околу еден час. На побрашнета површина премесете го тестото и поделете го на осум делови. Секој дел развлечете го на дебелина од 40-45 см, па составете ги краевите.
- Измешајте млака вода и мед, па соединете. Секој ѓеврек ставете го во вода и мед, па во сусам и редете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот