Рецепт за мек и воздушест леб без квасец.
Состојки:
- 400 гр брашно
- 350 мл пиво
- 6 гр сол
- 40 гр шеќер
- 12 гр прашок за пециво
- 50 гр путер
Начин на подготовка:
- Во сад ставете го брашното, потоа додадете сол, шеќер, прашок за пециво и сè убаво промешајте. Во смесата со брашно се додава пиво и се меша со шпатула додека не се добие глатко тесто.
- Обложете го плехот за печење (димензии 22 x 14) со хартија за печење, па префрлете го тестото и рамномерно распоредете го. Растопете го путерот на пареа и прелијте го тестото. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна