Брза и едноставна подготовка, само соединете ги состојките и испечете.
Состојки:
- 2 јајца
- 8 лажици бадемово брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 4 лажици масло
- 4 лажици јогурт
- 2 лажици ситно сирење, фета
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Со жица разматете јајца, па додајте масло, јогурт, сирење, брашно, прашок за печиво и сол. Измешајте со вилушка убаво да се соедини.
- Вадете со лажица на хартија за печење и посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 180 степени 20 минути.
Добар апетит!