Блог

Пиперки полнети со ориз – вкусен ручек за посните денови – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Пиперки полнети со ориз – вкусен ручек за посните денови.

Состојки:

  • пиперки
  • 100 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 лажица ајвар
  • 3 чешниња лук
  • 2 домати или компири
  • 200 мл готвен домат
  • сол
  • бибер
  • 1/2 лажичка црвена мелена пиперка
  • 1 лажичка брашно
  • листови магдонос
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан кромид и морков на коцки. Оризот обварете го и исцедете. Во пропржениот кромид додајте мелена пиперка, ајвар, сол, бибер и готвен ориз.
  2. Се измешајте. Полнете ги пиперките и затварајте ги со домати или кругови компири. Редете во намастен плех.
  3. Во чинија ставете брашно и ставете готвени домати и уште толку вода. Изедначете и прелијте ги пиперките. Уште малку намастете и печете на 210 степени околу 50 минути, убаво да поруменат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -