Ролат кој се топи во уста…
Состојки за прв фил:
- 110 гр шеќер
- 200 мл вода
- 155 гр мелени бисквити
Состојки за втор фил:
- 105 гр маргрин
- 5 лажици вода
- 105 гр шеќер
- 95 гр млеко во прав
- 4 лажици кокос
- 50 гр бело чоколадо
Начин на подготовка:
- За првиот фил, карамелизирајте го шеќерот па додајте вода, згответе и додајте бисквити, измешајте па рамномерно намачкајте по обландата.
- За вториот фил, растопете маргарин на слаб оган, додајте вода, измешајте, па додајте шеќер и мешајте додека шеќерот не се растопи. Тогаш додајте млеко во прав измешано со кокос, измешајте и тоа додајте го во растопеното чоколадо, па рамномерно распоредете по првиот фил и свиткајте.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: