Неодолив чоколаден колач: Подобар од која било торта.
Состојки за кора:
- 4 јајца
- 200 гр брашно
- 1/2 прашок за печиво
- 100 мл млеко
- 50 мл масло
- 50 гр ореви
- 100 гр шеќер
Состојки за фил:
- 60 мл млеко
- 4-5 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 50 гр ореви
- 100 гр мелени бисквити
- 100 гр чоколадо
- 100 гр путер или маргарин
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, па додајте брашно и прашок за печиво, млеко, масло, ореви и сѐ измешајте и разлејте во намастен плех. Печете 30 минути на 200 степени. Млекото ставете го во тенџере, додајте шеќер по желба, ванилин шеќер, путер на листови и чоколадо и растопете. Додајте мелени ореви и бисквити и сѐ убаво измешајте.
- Оставете да се излади па со миксер добро измиксајте да добиете фин крем. Печениот колач пресечете го на половина па со половина од кремот филувајте ја средината, покријте со вториот дел, а остатокот од филот премачкајте го од горе.
- Украсете по желба, со рендано чоколадо, бонбони или сечкани ореви.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: