Блог

Макарони со месо и кашкавал – брз и вкусен ручек! – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Макарони со месо и кашкавал – брз и вкусен ручек!

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • 350 гр мелено месо
  • 1/2 праз
  • 1 лажица доматен сос
  • 150 гр кашкавал
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Макароните згответе ги и оставете ги на страна. На малку масло пропржете ситно сечкан праз. Додајте мелено месо и пржете со постојано мешање на умерена температура, додека месото не добие румена боја.
  2. Додајте сол, бибер и домат па добро соединете. Во намастен огноотпорен сад префрлете ги исцедените макарони и распоредете ги. Преку макароните ставете пржено месо и распоредете. Кашкавалот изрендан на крупно рамномерно посипете го преку месото. Печете во рерна на 220 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -