За да ги исчистите флеките на мебелот или теписите, ќе ви бидат потребни само сода бикарбона, вода и шише со распрскувач.
Процедурата може да се одвива на два начини
Прв начин: 5 лажици сода бикарбона измешајте во половина литар топла вода, добро протресете, за содата да се раствори и ставете ја течноста во распрскувач. Со оваа течнност испрскајте ги проблематичните места.
Втор начин: Во распрскувач ставете топла вода, испрскајте ги местата каде има флеки, а од горе посипете со сода бикарбона. Оставете да отстои 2-3 часа, односно целосно да исуши. Кога ќе исуши, земете правосмукалка и убаво исшмукајте.
Ќе бидете изненадени од резултатите!