Овој оброк ќе ве воодушеви, сочен е и многу хранлив.
Состојки:
- 4 пилешки батаци
- 2 лажици маслиново масло
- 20 гр лук
- 100 мл пилешка супа
- 80 мл бело вино
- 50 мл јогурт
- малку мајчина душица
- сол
- 1/4 лажичка мелен бибер
- 1/4 лажичка црвена пипер
- свеж магдонос
Начин на подготовка:
- Во длабока тава загрејте масло. Додајте карабатаци, па пропржете ги од двете страни убаво да поруменат. Некои десетина минути. Потоа извадете ги и оставете ги на топло место.
- На истата маснотија пропржете сечкан лук благо да порумени. Вратете ги потоа карабатаците во тава. Ставете супа, вино и јогурт.
- Додајте мајчина душуца и сол по вкус, како и пипер и бибер.
- Поклопете и оставете да крчка 10 минути.
- Потоа ставете во загреана рерна убаво да се запече кожата, некои 15 минути.
- Послужете со прилог печурки или ориз и посипете со магдонос пред послужување.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи