Вкусен ручек за целото семејство!
Состојки:
- 250-300 гр мелено месо (мешано свинско и јунешко)
- 1/2 кг компири
- 1 главица кромид
- 1 зелена пиперка
- 1 помал домат
- масло
- сол
- бибер
- 1-2 чешниња лук
- 1 морков
- магдонос
- ловоров лист
- 1 лажичка брашно
- мелена пипер
Начин на подготовка:
- Во меленото месо додајте сол, мелен бибер и пипер. Лукот издробете го во чинија па додајте две лажици вода и добро измешајте и процедете. Течноста ставете ја во меленото месо и сè добро изедначете. Направете ќофтиња.
- На масло пропржете ситно сечкан кромид и сечкана пиперка па додајте сечкан и излупен домат и него малку издинстајте го па додајте пипер и компири.
- На крај додајте ќофтиња. Налијте вода и гответе околу 50 минути. На крај додајте брашно измешано со малку вода.
- Посолете и додајте малку зачин. Оставете уште малку да врие. Исечкајте на крај магдонос.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо