Брз ручек – тестенини готови за 15 минути.
Состојки:
- 400 гр тестенини
- 3 чешниња лук
- 1 домат
- 5 сушени домати во масло
- пармезан
- маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во тава загрејте маслиново масло. Во поголемо тенџере загрејте вода до вриење. Не посолувајте веднаш, бидејќи ќе треба уште време да зоврие. Ставете ги тестенините и тогаш посолете ја водата.
- На маслиново масло пропржете сечкан кромид, домат исечкан на коцки и ситно сечкани сушени домати. Посолете и побиберете по вкус, и долијте малку вода фино да крчка додека тестенините не бидат готови.
- Исцедете ги тестенините и измешајте со сосот. Сервирајте посипено со изрендан пармезан и по желба украсете со рукола.
Добар апеит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука