Меки и ароматични палачинки со кисело млеко.
Состојки:
- 200 гр кисело млеко
- 1 јајце
- 100 гр брашно
- масло
- сол
- 1/2 лажичка сода бикарбона
Начин на подготовка:
- Во чинија скршете јајце и малку разматете па додајте кисело млеко, брашно со сода бикарбона и сол (најдобро е брашното да го просеете со сода бикарбона). Сè добро измешајте тестото да биде без грутки.
- Во тава ставете неколку капки масло и ставете од тестото и печете од двете страни.
- Палачинките можете да ги филувате со фил по желба.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега