Предлог за вкусен и едноставен ручек!
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 1 лажица црвена пипер
- 1 главица кромид
- 150 гр шампињони
- 200 мл павлака за готвење
- мешавина од сув билен зачин
- бибер
- масло
Начин на подготовка:
- Измешајте мелено месо со црвена пипер, посолете и добро соединете. Обликувајте 8 ќофтиња и наредете ги во намастен плех.
- Кромидот и шампињоните исечкајте ги па распоредете ги помеѓу ќофтињата.
- Во павлаката за готвење додајте бибер и мешавина од сув билен зачин па прелијте ги ќофтињата. Покријте со алу-фолија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10 минути.
Добар апетит!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко