Класици во кулинарството – фаширани шницли со зеленчук.
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 2 компири
- 2 моркови
- 1 главица кромид
- 1 јајце
- малку сол
- брашно
Начин на подготовка:
- Во меленото месо изрендајте компир и морков, додајте јајце и посолете, додајте исечкан кромид и сè добро соединете.
- Правете шницли со големина по желба, извалкајте во брашно, потапкајте и пржете ги на врело масло.
- Кога ќе се создаде кора намалете ја температурата, сврете ги шницлите и пржете десетина минути на најниска температура.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо