Крофни меки како душа, кој би им одолеал. Празни и посипени со шеќер во прав, полнети со џем или чоколадо, секако се вкусни!
Состојки:
- 1 кг меко брашно
- 600 мл млеко
- 1 квасец
- 3 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 50 мл масло
- 2 жолчки
- 1 лажичка шеќер (за квасецот)
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Загрејте го млекото, да не биде врело и додајте лажичка шеќер, 2 лажички брашно и издробете квасец. Сè измешајте, покријте со крпа и оставете на топло квасецот да се подигне.
- Потоа во чинија за мешање ставете брашно, жолчки, масло, шеќер и млеко со подигнат квасец. Замесете глатко тесто, покријте и оставете да надојде.
- Потоа тестото уште еднаш премесете го и оставете го уште еднаш да надојде.
- Тестото развлечете го на работна површина со дебелина од еден прст. Со чаша вадете крофни и пржете во загреано масло додека не добијат убава жолта боја. Крофните полнете ги со фил по желба и посипете ги со шеќер во прав.
Уживајте!
Повеќе поврзани вести на Готви.мк
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат