Ретко можеме да слушнеме дека некој не сака пица. Вкусното тесто и филот по избор ја прават идеален оброк. И додека некои сакаат дебело и меко, други сакаат крцкаво и тенко тесто.
Ние ви донесуваме рецепт за златната средина – тесто кое од надвор е крцкаво, а од внатре меко.
Состојки:
- 1 кесичка сув квасец
- 0,5 кг глатко брашно
- 1 лажичка сол
- 2,5-3 дл млака вода
Начин на подготовка:
- Измешајте брашно, сол и квасец, додајте вода и мешајте со раце така што ќе добиете лепливо тесто. Прекријте со крпа и оставете го на топло место да надојде час и половина.Намачкајте ги рацете со масло и обликувајте две топки. Секоја растегнете ја по намастен плех, ставете фил па печете 15 минути во печка загреана на 180 степени.
- Избор за фил: Освен што на пицата можете да ставите класични намирници како сирење, печурки и шунка, можете да направите и здрава верзија – со спанаќ кој е богат со железо и пиперки кои се богати со витамин Ц.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука