Профитерол од чаша – посна верзија.
Состојки:
- 1 л бадемово млеко
- 100 гр какао
- 65 гр пченкарно брашно
- 280 гр шеќер
- посен бисквит
- 350 мл посна слатка павлака
Начин на подготовка:
- Во тенџере ставете млеко, брашно, какао и шеќер. Промешајте и гответе додека не зоврие. После тоа, смесата ставете ја во сад и покријте со проѕирна фолија, па оставете ја да се излади во фрижидер. Потоа ставете изматена слатка павлака во мали чинии, па ставете го искршениот бисквит и прелијте со малку смеса, па повторно украсете со изматена слатка павлака.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи