Гурманска мусака со сланина и сирење.
Состојки:
- 1/2 кг компири
- 4 моркови
- 1/2 коцка за супа
- 3 јајца
- 2 дл павлака за готвење
- 100 гр рендано трапист сирење
- 100 гр сланина Пекабеско
- сол
- бибер
- малку путер или масло за намастување
Начин на подготовка:
- Исечете ги компирите и морковите на кругови. Гответе ги 15 минути во вода во која сте ставиле половина коцка супа.
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Разматете јајца, павлака, трапист, малку сол и бибер.
- Во плех редете половина од зготвениот зеленчук, малку посолете, па прелијте со половина разматен сос од јајца, павлака и трапист.
- Повторете и прелијте со сос и од горе ставете парчиња сланина.
- Печете околу 40 минути.
Добар апетит!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко