Брзо се прават и одлични се за секаква прилика!
Состојки:
- 1/2 кгр пилешко бело месо
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 3 парчиња леб
- 2 дл млеко
- сол
- бибер
- малку масло
Начин на подготовка:
- Белото месо, кромидот и лукот сомелете ги.
- Во сад ставете млеко, додајте 3 парчиња леб, измешајте, па соединете со месото.
- Правете плескавици и секоја од горе премачкајте ја со малку масло.
- Ставете во намастена тепсија и печете на 200 степени додека не поруменат.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо