Блог

Еве како сами да направите чоколадо со ориз – Gotvi.mk

Мора да пробате...

Ако сакате чоколадо, најдобро е сами да го направите и така да бидете сигурни дека ќе уживате во десерт од проверени состојки. Ви донесуваме едноставен рецепт за неодоливо чоколадо со ориз.

Состојки:

  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 100 гр експандиран ориз
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр мед
  • 100 гр бадеми

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере растопете мед, додајте маргарин на коцки, чоколадо на коцки и сè растопете на слаб оган.
  2. Додајте ориз и бадеми па сè убаво изедначете и ставете во калапи по избор.
  3. Оставете да се излади во фрижидер 2-3 часа и сечете по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -