Блог

Отсега месото ќе го спремате само на овој начин – Gotvi.mk

Мора да пробате...

Месото, сирењето или зеленчукот можат да се панираат на една чинија. Така ќе го намалите нередот во кујната.

Класичното поховање месо, сирење или зеленчук подразбира потопување на намирниците во брашно, јајца и презла. Во овој просцес обично користиме три различни чинии или садови.

Не само што на тој начин ја валкаме кујната, туку и употребуваме повеќе намирници за поховање отколку што е потребно.

Шефот Џом од Јутјуб каналот Food Wishes има решение за овој проблем. Тој тврди дека овој процес може да се одработи на една чинија.

Како да ги панирате пилешките гради на една чинија?

1. Ставете пилешки гради на чинијата. Преку нив посипете сол и бибер по желба, а потоа брашно.

2. Со раце втиснете ги зачините и брашното на површината на месото.

3. Свртете го месото и повторете ја постапката.

4. Побрашнетото месо ставете го на работ на чинијата, а на остатокот од површината скршете само едно јајце.

5. Разматете го јајцето со вилушка, па преку ставете го месото.

6. Со прсти или четка втиснете го јајцето од двете страни на месото.

7. На врвот на месото посипете презла и втиснете од двете страни.

Целиот процес за панирање на една чинија погледнете го во ВИДЕОТО на Food Wishes:



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -