Блог

Меки и пенасти уштипци без квасец – Gotvi.mk

Мора да пробате...

Брз и едноставен рецепт за уштипци со фантастичен вкус, пенасти и меки.

Уштипците со јогурт се идеални за доручек или вечера, а еднакво добро одат и со слатки и со солени прилози.

Состојки:

  • 250-300 гр брашно
  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • кисела вода по потреба
  • малку сол
  • 1/2 прашок за печиво
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, додајте јогурт, брашно и прашок за печиво, кисела вода, малку сол и сè добро измешајте за тестото да биде погусто отколку за палачинки.
  2. Загрејте масло, со лажица вадете тесто и ставајте во тенџере со загреано масло. Кога ќе се испржи свртете од другата страна.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -