Блог

Тиквици полнети со пилешко месо – вкусен и здрав оброк – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Ви предлагаме тиквиците да ги наполните со пилшеко месо. Така ќе добиете лесен, нискокалоричен и здрав оброк.

Состојки:

  • 2-3 главици кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 4-5 тиквици
  • 2-3 парчиња пилешко филе
  • сол
  • бибер
  • кечап
  • 2 дл киесела павлака

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете кромид, додајте лук, а тиквиците измијте ги, исечете ги по должина и издлабете ги да добиете облик на чамци, па издлабениот дел од тиквиците исечкајте го на коцки и додајте го во кромидот.
  2. Пилешкото месо посебно згответе го, исечкајте на коцки и додајте го во претходната смеса. Сè заедно динстајте додека не испари сета вода, додајте црвена пипер, посолете и побиберете.
  3. Тиквиците наполнете ги со оваа смеса, наредете ги во огноотпорна чинија или плех и пред печење прелијте со кечап. Кога тиквиците ќе бидат речиси печени, извадете ги од рерна, прелијте со кисела павлака и вратете во рерна уште малку да се запечат.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -