Запечени компири со кашкавал – брз и вкусен ручек.
Состојки:
- 1 кг компири исечкани на тенки кругови
- 1 главица кромид исечкан на кругови
- 80 гр рендан кашкавал (најдобро чедар)
- 125 мл млеко
- 250 мл павлака за готвење
- сол
- бибер
- путер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте плех со растопен путер.
- Ставете павлака, млеко и кромид во сад на средна температура. Гответе 3-4 минути или додека не почне да врие. Тргнете од оган, посолете и побиберете. Оставете на страна десетина минути малку да се излади па кромидот извадете го и тргнете го на чинија.
- Ставете третина од компирите на дното од садот и оставете да се преклопуваат. Прекријте со третина од кромидот и третина од кашкавалот. Повторете ја постапката уште 2 пати.
- Прелијте со мешавина од павлака и млеко. Печете еден час или додека компирите не станат меки, а врвот крцкав и златен. Почекајте десетина минути пред сервирање, малку да се излади.
Добар апетит!
Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува
Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!
Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета
Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци