Совршен десерт посните денови, домашниот локум е незаменлив десерт во вашиот дом!
Состојки:
- 500 гр шеќер
- 150 мл вода
- 1/2 лимон
- 100 гр сечкани ореви
- 150 гр густин
- 150 гр шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Во широко тенџере ставете шеќер и додајте вода па ставете на шпорет да се ушпинува погусто отколку за слатко.
- Разматете густин со малку студена вода, па кога шеќерот ќе се ушпинува додајте густин и мешајте да нема грутки. Гответе со мешање околу 40 минути.
- Масата мора да биде многу густа да се одвојува од дното. Разлејте ја во емајлиран плех кој сте го намастиле со малку масло и оставете добро да се излади. Сечете по желба и извалкајте ги локумчињата во шеќер во прав.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега