Подгответе торта на малку поинаков начин. Вкусот е фантастичен, а се прави за миг!
Состојки:
- 200 гр бело чоколадо
- 500 гр маскарпоне сирење
- 2 кесички инстант желатин
- 200 мл слатка павлака
- 200 гр дробен кекс по желба
- 100 гр путер
Начин на подготовка:
- Белото чоколадо растопете го на пареа. Во сирењето измешајте растопено чоколадо, а потоа измешајте 2 кесички инстант желатин.
- Од 200 мл слатка павлака направете цврст шлаг и него измешајте го во чоколадото. Кексите издробете ги ситно, додајте им растопен путер и истиснете на дното од калапот за торта. Излејте ја смесата од чоколадо и сирење и добро изладете. Украсете со шлаг и послужете.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта