Блог

Ќофтиња со компир пире – вкусен ручек за половина час – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Вкусен ручек готов за 30 минути!

Состојки:

  • 600 гр варени компири
  • сол
  • бибер
  • 30 гр путер
  • 600 гр мелено месо
  • 50 гр презла
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 20 гр брашно
  • 3 домати

Останати состојки:

  • 200 мл вода
  • 40 гр доматна паста
  • 120 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Доматите исечкајте ги на кругови и ставете на дно на намастена тепсија со пречник од 24 см. Во меленото месо додајте презла, зачини, сечкан кромид, јајце и соединете. Направете ќофтиња и посипете ги со брашно.
  2. Во варените компири додајте путер, зачини и направете пире. Земајте со раце по малку од смесата и правете топчиња. Преку доматот наизменично ставајте ќофтиња и топчиња од компир. Печете во рерна на 200 степени околу 15 минути.
  3. Доматната паста измешајте ја со вода и прелијте го јадењето. Изрендајте кашкавал и вратете во рерна на уште 10 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -