Вкусен прилог од печурки.
Состојки:
- 300 гр шампињони
- 1 главица кромид
- зачин
- оригано
- мелен бибер
- магдонос
- 1 чешне лук
- 1 лажица павлака (може и повеќе)
- 1 зелена пиперка
- масло
Начин на подготовка:
- Измијте ги шампињоните и исчистете ги. Кромидот исечете го ситно па пропржете го на масло, додајте сечкана пиперка па и неа пропржете ја, потоа додајте шампињони ставете малку вода па динстајте околу 15 минути за водата да испари, додајте ситно сечкан лук, зачин, бибер и оригано. Уште малку динстајте.
- Исклучете и додајте павлака по желба. Измешајте и послужете топло.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт