Ролни со сирење и шунка – совршени за доручек или вечера.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 150 мл млеко
- 3 јајца
- 100 гр презла
- 10 гр квасец
- сол
- 150 гр шункарица
- 150 гр сирење
- масло
Начин на подготовка:
- Замесете глатко тесто, додајте едно јајце, млеко, брашно и сол. Оставете да нарасне, па развлечете тенка кора и поделете ја на правоаголници.
- Во секој правоаголник ставете по лист шункарица и малку сирење во кое сте додале 1 жолчка. Свиткајте ги малку страните и свиткајте во ролна.
- Остатокот од јајцата разматете го, посолете, па секоја ролна провлечете ја низ јајца, па извалкајте ја во презла и тоа повторете го. Наредете во послужавник, а потоа пржете во масло и пржените ролни вадете ги на хартиена салфета да се исцедат од вишокот маснотии.
- Послужете со омилениот сос и уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи