Совршени ќофтиња полнети со кашкавал.
Состојки:
- 120 гр кашкавал по избор, сечкан на коцки со големина од околу 1 см
- 1,5 кг доматен сос
- 750 гр мелено јунешко месо
- 1 главица кромид, ситно сечкн
- 1 јајце
- 1/2 шолја презла
- 1 лажичка сушено оригано
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Коцките кашкавал ставете ги во кеса за замрнувач, па замрзнете ги на 1 час.
- Загрејте рерна на 150 степени. Обложете плех со хартија за печење и премачкајте ја хартијата со масло.
- Во поголема чинија измешајте презла со 3 лажици сос од домати, па измешајте месо, кромид, сол, бибер, оригано и јајце. Од смесата обликувајте топчиња со пречник од 5 см, па во секое втиснете по коцка кашкавал, и добро обмотајте ја со месо. Наредете ги во плех и печете ги 10 минути.
- Во меѓувреме, остатокот од сосот ставете го во тенџере, поклопете и загрејте до точка на вриење на среден оган, често мешајќи. Потоа ставете ги ќофтињата, внимателно измешајте, па намалете ја температурата, поклопете и гответе 10-15 минути, повремено мешајќи. Послужете со компир пире.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна