Брзо и лесно се подготвува, а има освежувачки вкус кој сите го обожаваат!
Состојки:
- 500 гр бисквити
- 4 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 0,5 л млеко + млеко за натопување на бисквитите
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажица путер
Начин на подготовка:
- Половина литар млеко, 4 лажици шеќер и путерот ставете ги да зовријат. Жолчките измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко. Во врелото млеко полека ставете ја масата со жолчки, мешајќи постојано. Гответе околу 2 минути. Оставете да се излади.
- Бисквитите потопете ги во топло млеко па редете ги на тацна. Филувајте со подготвениот фил и од горе ставете уште еден ред бисквити. По желба украсете со шлаг.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта