Често ќе го правите по овој рецепт.
Состојки:
- 4 виршли
- 100 гр сланина
- 2 домати
- сол
- оригано
- 4 кифли
- мајонез по желба
- зелена салата
- сенф по желба
Начин на подготовка:
- Виршлите свиткајте ги во сланина и заедно со круговите домати ставете во плех и запечете на 200 степени 25-30 минути. Доматите посолете ги и ставете малку оригано.
- Кифлите расечете ги на половина, ставете мајонез, намачкајте, додајте домат, неколку листови зелена салата. Потоа ставете виршли во сланина, и преку додајте сенф по желба.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ а „Иги“: