Домашни тортиљи на едноставен начин.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 480 мл вода
- 1 лажица масло
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги брашното, солта и шеќерот, па постепено додавајте вода и измешајте. Смесата треба да биде малку погуста отколку за палачинки. Мешајте додека не ги разбиете сите грутки, а потоа додајте масло и повторно измешајте.
- Тавата премачкајте ја со масло и кога ќе се загрее, ставете две кутлачи од смесата и малку развлечете на тавата. Се пржи и се врти секоја минута. Важно е тестото да се притисне на работ за да се направи балон. Се редат на плех и се покриваат со крпа, па се чека да омекнат.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи