Блог

Сочно месо кое се топи во уста – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Карабатак во сос од бело вино и сенф.

Состојки:

  • 4-5 батаци или карабатаци (без коски)
  • малку рузмарин
  • магдонос
  • брашно
  • путер
  • 1,5 главица кромид
  • 2 чаши бело вино
  • 2 лажици сенф
  • тестенини по вкус
  • 250 гр шери домати

Начин на подготовка:

  1. Зачинете го месото со сол и бибер, а потоа посипете брашно од двете страни. Во тава растопете го путерот, па пропржете го месото од двете страни. Извадете од тавата, а потоа додадете го кромидот исечен на ребра. Кога ќе омекне, се прелива белото вино, се готви 5 минути, па се додаваат сенфот и рузмаринот, па се меша. Вратете го месото, покријте, намалете го огнот и оставете уште 10 минути.

     

  2. Во меѓувреме сварете ги тестенините. Во готовото месо додадете ги чери доматите кои сте ги преполовиле и оставете на шпорет уште 5 минути. Украсете со сечкан магдонос.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -