Одлична салата со варени јајца. Рецепт кој морате да го пробате.
Состојки:
- 250 гр варено говедско месо (или месо по избор)
- 3 кисели краставички
- 3 чешниња лук
- 3-4 варени јајца
- 130 гр ореви
- мајонез
Начин на подготовка:
- Месото сварете го и ситно исечкајте го. Сомелете ги оревите, изрендајте краставици, ситно исечкајте ги варените јајца.
- На чинијата ставете подвижен обрач за поубаво обликување на салатата.
- Состојките се ставаат по следниот редослед: Месо, мајонез, кисели краставички, мајонез, варени јајца, мајонез, ореви.
- Салатата ставете ја во фрижидер 2 часа, па извадете ја и декорирајте по желба.
Добр апетит!