Уштипци од пилешко и компири.
Состојки:
- 200 гр пилешко филе
- 400 гр компири
- 1 кромид
- 1 јајце
- 2 лажици брашно
- 1/2 лук во прав
- 1/2 лажица мајонез
Начин на подгоовка:
- Белото месо, компирот и кромидот изрендајте ги и измешајте. Зачинете со сол и бибер, а потоа додадете јајце, брашно, лук во прав и мајонез. Добро соединете ја смесата.
- Во тавчето ставете малку масло и кога добро ќе се загрее вадете со лажица од смесата и пржете од двете страни околу 5 минути.
Добар апетит!