Лиснато тесто се пече и се филува со кремаст фил. Резултатот е прекрасни слатки погачици.
Состојки:
- 500 гр лиснато тесто
- 30 мл млеко
- 200 мл слатка павлака
- 400 мл кондензирано млеко
Начин на подготовка:
- Тестото исечкајте го на квадрати, ставете го на плех обложен со хартија за печење, премачкајте со млеко и печете на 180 степени околу 20 минути.
- Изматете ја слатката павлака, па додадете го свареното кондензирано млеко и соединете.
- Ставете во шприц за колачиња.
- Секој квадрат тесто исечете го на половина.
- Ставете филот, па затворете со друга половина.
- Посипете со шеќер во прав.
Уживајте!