Брзо се прават, а вкусот е фантастичен…
Состојки:
- 500 гр тестенини
- 200 гр кајмак
- 2 дл кисела павлака
- сол
- масло
Начин на подготовка:
- Тестенините згответе ги во вода со малку сол и масло.
- Кајмакот измешајте го со кисела павлака и, ако е потребно, малку посолете.
- Во врелиите тестенини кои сте ги процедиле, ставете го кајмакот со кисела павлака и добро измешајте.
- Јадењето послужете го топло.
Добар апетит!