Едноставен десерт кој брзо и едноставно се подготвува.
Состојки:
- 150 гр мелени бисквити
- 80 гр растопен путер
- 400 гр маскарпоне сирење
- 400 мл слатка павлака
- 200 гр шеќер во прав
- 150 гр растопено чоколадо
- 30 гр кокос
- 30 гр листови бадеми
Начин на подготовка:
- Измешајте путер и бисквити, а потоа таа смеса притиснете ја во калап обложен со хартија за печење. Изладете во фрижидер 15 минути.
- Разматете маскарпоне, шеќер во прав и слатка павлака. Добиената смеса ставете ја преку бисквитите и израмнете. Декорирајте со растопено чоколадо, кокос и листови бадеми. Вратете во фрижидер да се излади уште 15 минути.
Уживајте!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи