Вкусна пита со пилешко и јогурт, ќе ви биде омилено јадење.
Состојки:
- 1 пакување кори за пита
- 400 гр павлака
- 200 мл јогурт
- 250 гр пилешко филе
- сув зачин
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Разматете павлака, јогурт и сув зачин. Прво ставете 2 кори, па намачкајте фил, па една кора, па фил, така до крај додека не го потрошите целиот фил, потоа на средина ставете бело месо исечкано на тенки ленти и замотајте во ролат. Ставете во плех и премачкајте со разматени јајца. Печете во рерна на 220 степени околу 20-25 минути. На крај покријте со крпа.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи