Вкусна чорба која ќе ве освежи…
Состојки:
- 500 гр печурки по избор
- 300 гр пилешки гради
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 веза зеленчук за супа
- 200 мл павлака за готвење
- маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- На маслиново масло пропржете го пилешкото исечкано на коцки, додека не порумени.
- Во тенџере пропржете ситно сечкан кромид и лук па додајте морков исечкан на коцки, целер и магдонос.
- Гответе десетина минути па измешајте печурки исечкани на листови. Динстајте додека не испари вишокот вода па измешајте пилешко и долијте вода.
- Гответе 15 минути и измешајте павлака за гответе, оставете да зоврие и послужете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот