Блог

Туна со зеленчук – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Вкусно и лесно јадење кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 500 гр туна
  • 2 црвени пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 3 домати
  • 6 компири
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 мл бело вино
  • 200 мл бујон
  • 1 лажичка сечкана мајчина душица
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Туната исечкајте ја на коцки, пиперките на ленти, доматите на коцки, а компирите на парчиња. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
  2. Во широка тава загрејте масло, мешајќи пржете ги пиперките, кромидот и лукот.
  3. Добро посолете и побиберете, налијте вино и бујон, додајте домати, компири и мајчина душица, поклопете и гответе на слаб оган околу 20 минути.
  4. Пред крај додајте туна. По потреба уште зачинете и украсете со мајчина душица.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -