Поради ниската калорична вредност, оваа паста е одлична за оние кои сакаат да ослабнат.
Состојки:
- 1 пакување макарони
- 1 лажичка масло
- 250 гр пилешко бело месо
- 1 зелена пиперка
- 1 главица кромид
- 1-2 лажички зачин
- 1/4 лажичка бибер
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажица брашно
- 1 шолја сок од домати
- 1/3 шолја павлаак за готвење со мал процент млечни масти
- магдонос
Начин на подготовка:
- На самиот почеток згответе ги макароните, а во тава пропржете кромид додека не добие златна боја, па додајте бело месо кое сте го исечкале на коцки и посолете.
- Потоа додајте исечкана зелена пиперка, бибер, магдонос и зачин.
- Измешајте сок од домати и брашно и со тоа прелијте сè.
- Оставете да крчка, а потоа додајте павлака за готвење. Поклопете ја тавата и гответе уште неколку минути.
Добар апетит!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)