Оваа фантастична пита се подготвува брзо и лесно.
Состојки:
- 500 гр готови тенки кори
- 300 гр вишни
- 100 гр шеќер
- 2-3 јајца
- 2-3 лажици гриз
- 50 мл масло
- 200 мл јогурт
- 1/2 прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Јајцата разматете ги со шеќер, додајте гриз и прашок за печиво, јогурт и масло и изедначете. Првата кора намачкајте ја со добиениот фил, додајте друга кора преку неа па распоредете вишни.
- Свиткајте ги малку рабовите и свиткајте во ролна, па свиткајте на половина. Плехот намачкајте го со масло па редете ролни во плехот. Остатокот од разматените јајца и гриз заедно ставете ги преку и израмнете.
- Печете на 200 степени околу 40-45 минути. Посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер. Сечете кога ќе се излади.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта