Сочна и пикантна лесковачка мучкалица, феноменален избор за совршен ручек.
Состојки:
- 150 гр кременадли без коски
- 150 гр свинско месо
- 150 гр јунешко месо
- 2 домати
- 6-7 црвени печени пиперки
- 3 главици кромид
- малку масло
- сол
- бибер
- лута пипер
- магдонос
- 1 чаша вода
Начин на подготовка:
- Лесковачка мучкалица се прави така што се ставаат повеќе видови месо, не се меша, туку само се протресува од време на време да не загори.
- Прво подгответе сад во кој ќе ставите малку масло. Исечканото месо ставете го да се динста, кога ќе ја промени бојата додајте кромид, домати и пиперки. Сè исечкано на коцки. Додајте сол, бибер, по вкус. Налијте малку вода, поклопете и на тивок оган гответе околу час и половина додека состојките не се соединат. На крајот од готвењето додајте лута пипер по вкус и свеж магдонос. Измешајте и мучкалицата е готова.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: