Едноставна, а многу вкусна варијанта од популарниот десерт…
Состојки:
- 2 чаши јогурт
- 2 чаши брашно
- 2 чаши шеќер
- 1 чаша гриз
- 1 чаша масло
- 1 прашок за печиво
- 5 лажици мак
Начин на подготовка:
- Сите состојки добро измешајте ги со лажица и ставете ги во намастена и побрашнета тепсија.
- Печете на 180 степени додека колачот не порумени.
- Кога ќе се излади додајте чоколадна глазура по желба или само посипете со шеќер во прав.
Уживајте!